Драма за време на лет: Авион со 265 луѓе полетал од Лондон, па принудно морал да слета во Сибир

0
57

Драма за време на лет: Авион со 265 луѓе полетал од Лондон, па принудно морал да слета во Сибир

Flightradar24 покажува дека Боинг 777 слетал на рускиот аеродром Нижњевартовск во западен Сибир.

Авион на Air China кој летал за Пекинг од Лондон со 265 луѓе во авионот неочекувано слетал во Сибир поради проблем со моторот, соопшти во вторник руската државна агенција за надзор на авијација.
Flightradar24 покажува дека Боинг 777 слетал на рускиот аеродром Нижњевартовск во западен Сибир, пишува Reuters.

„За време на летот од Лондон за Пекинг, екипажот на Боинг 777-300 на Air China одлучи да слета на алтернативен аеродром во Русија“, рече Rosaviatsia, руската управа за цивилна авијација.
„Прелиминарната причина бил дефект на еден од моторите.“

Air China одлучи да испрати резервен авион во Нижњевартовск, рече Rosaviatsia. Авионот ќе пристигне подоцна во вторник и ќе ги пренесе 250 патници и 15 членови на екипажот до Пекинг, рекоа тие.