Албанија: Рама со булдожери и динамит против дивоградбите

0
90

Албанскиот премиер Еди Рама започна решителна акција за уривање на дивоградби низ земјата, со цел заштита на јавниот интерес и природното богатство. Со тешка механизација и експлозиви, беа срушени објекти во Валона, Драч и на ’ртот Родонит, како дел од поширока кампања за владеење на правото и подготовка за членство во ЕУ. Одговорност ќе се бара не само од градителите, туку и од институциите кои со години ги штителе преку корупција. Институциите порачуваат дека оваа борба ќе се води до крај – за ред, законитост и заштита на природата, со јасна порака дека Албанија нема да дозволи дивоградби и корупција да го загрозуваат јавниот интерес.