ЦУК : Изгаснати 24 пожари. Пожарите во Јасен и на Кожуф се под контрола

0
77

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 24/25.08.2025 година, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари.

Полицискиот хеликоптер фрли повеќе од 65 тони вода врз пожарот во Јасен
Во текот на викендот полицискиот хеликоптер бел 412 во два наврата беше ангажиран во гасењето на пожарот во Јасен и исфрли повеќе од 65 тони вода.

Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.