Црна Гора – Најголемата заплена на канабис во историјата на државата. На 8 парцели пронајдени 13.100 стебла канабис

0
70

Црногорската полиција соопшти дека во местото Трново, општина Бар, е запленета најголемата досега плантажа со марихуана во државата. Во акцијата со кодно име „Трново“ се приведени 40-годишниот Златко Мараш од Зета и 65-годишниот Драган Перовиќ од Бар. На осум различни парцели биле пронајдени околу 13.100 садници висококвалитетен канабис во напредна фаза на одгледување. Плантажата имала систем за наводнување, обезбедување и современа технолошка опрема, што, како што се наведува, покажува висок степен на организација. Осомничените биле затекнати на лице место и веднаш уапсени. Властите извршиле увид, иззеле материјални докази и веднаш започнале уништување на насадите.