Уапсени пет возачи. Возеле пребрзо и пијани

0
78

Во изминатото деноноќие полицијата приведе пет возачи на ниво на целата држава поради безобзирно управување на возило. Во првиот случај, возач со „ауди“ при радарска контрола бил затекнат со брзина од 192 километри на час каде што било дозволено 100. Потоа, наместо 50, возач управувал со 107 километри на час по што бил притворен. На крај, две лица во одделни случаи биле затекнати при управување на возило под дејство на алкохол, во Во Маврово и Ростуше бил сопрен 48-годишен скопјанец кој управувал „шкода“ со 2,90 промили алкохол во крвта а во Велес, 27 годишен бил сопрен со 2.28 промили алкохол во крвта. Сите лица се приведени и против нив следува соодветен поднесок.