Полицијата и обвинителите во Токио се извинија на гробот на поранешен советник на јапонскиот производител на машини Шизу Аишима, кој почина во затвор додека беше погрешно обвинет за нелегален извоз на чувствителна опрема.

На почетокот на месецот, полицијата објави извештај во кој наведува дека и е жал за нелегалната истрага и апсење. Извинувањето најпрвин било испратено до претседателот на компанијата каде Шизу работел. Нивниот адвокат возвратил со писмо во кое наведува дека семејството не може да ги прифати извинувањата.

Високиот суд во Токио пресуди во мај дека апсењата и обвиненијата против тројцата мажи биле нелегални и им наложи да платат околу 1,13 милиони долари отштета.


