Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина. Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6-ти август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик. Централната изборна комисија на 6-ти август утврди престанок на мандатот на претседателот на РС, Милорад Додик, а мандатот му е одземен поради правосилна судска пресуда на неизвршување на одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ.


