18 пожари во изминатото деноноќие, активни моментално нема, во „Јасен“ екипите сеуште на терен

0
100

На територијата на Македонија до утрово биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 17 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а активни пожари во моментов нема.

Според информациите, единствениот пожар кој сè уште е под надзор, но не е целосно изгаснат, е оној во општина Македонски Брод, во паркот „Јасен“, каде што горела мешана шума. Екипите остануваат на терен за да спречат повторно разгорување.

Превземено: Опсервер