Јавниот увид на Избирачкиот список започнува денес

0
86
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.
Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија на ДИК, чии адреси се објавени на веб страната на Комисијата, и кои ќе бидат отворени од 8 до 20 часот непрекинато и за викенд и за празници. Последниот ден од увидот на 11 септември подрачните одделенија на ДИК ќе бидат отворени до полноќ.
-Сукцесивно секој ден, по завршувањето на работното време подрачните одделенија ќе ни доставуваат податоци за дневна евиденција и истите податоци ние наредниот ден ќе ги објавуваме колку граѓани го искористиле ова право по општини и по подрачни ооделенија, рече Кондарко.
Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Со барањето се приложуваат и потребните докази. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат во периодот од 23 август до 11 септември.
Превземено: Курир