Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот.
Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон.
– Ќе ги направиме нашите градови многу, многу побезбедни. Чикаго е во хаос, па веројатно ќе биде следниот, порача американскиот претседател од Овалната соба, додавајќи оти федералните сили потоа „ќе му помогнат и на Њујорк“.
– Мислам дека Чикаго ќе биде нашата следна цел, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк“, увери републиканскиот претседател.
Стапките на криминал и убиства се намалија и во Вашингтон и во Чикаго во текот на изминатата година.
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, рече дека ги сфатил сериозно коментарите на Трамп, но додаде дека не добил формално известување од федералната влада дека војската ќе биде распоредена во градот или дека се очекуваат други итни мерки.
Градоначалникот на Чикаго го нарече пристапот на Трамп „некоординиран, неоправдан и неразумен“.
Превземено: Инфомакс


