По цели 16 години боледување, наставничка од Германија го тужи својот работодавач откако и побарале нов доказ дека е болна, објави Телеграф.
Прв пат земала боледување во 2009 година поради проблеми со менталното здравје. Во текот на следните 16 години, наставничката постојано го продолжувала своето боледување и добивала целосна плата од образовните органи во Северна Рајна-Вестфалија, западна германска покраина.
Според германските медиуми, државните власти почнале да го доведуваат во прашање нејзиното долгорочно отсуство и побарале од наставничката да се подложи на лекарски преглед.
Наставничката одбила и поднела тужба пртоив својот работодавач, но судиите ја отфрлиле тужбата и сега мора да се согласи на лекарски преглед ако сака да продолжи со боледувањето и да плати 2.500 евра судски трошоци


