За неплатено јагнешко од 16 евра, келнер три часа со возило бркал гостин и на крај го терал да го поврати оброкот

0
92
Во Босна, каде што јагнешкото е свето како и кафето после ручек, еден гостин од Метковиќ реши да ја тестира издржливоста на келнерите – и загуби.
Човекот нарачал јагнешко и пиво, фино јадел, па како во старите вицеви рекол дека само ќе „скокне“ до колата по паричникот.
Но, наместо паричник, запали колата и даде гас. Не сметал дека келнерот Омер Башиќ е нешто помеѓу Вин Дизел и Шумахер на одмор.
Така почна тричасовна потера по патиштата кон Бања Лука. Влогот? Сметка од цели 16 евра – износ за кој некои луѓе би си купиле две кила месо дома, а не возење со адреналин.
Братот на келнерот со гордост изјави:
– Тој е нашата гордост, не дозволува неправда. Ако треба за 16 евра ќе брка и до Виена.
Келнерот пак, видно разочаран што акцијата ја заврши полицијата, изјави:
– Сакав да го натерам да поврати!
Гостот, кој очигледно не сфатил дека со ладно месо не се бега, бил приведен и конечно – во обид да ја спаси честа – понудил дури 25 евра, само да се заврши драмата.
Заклучок: Ако во Босна јадете јагнешко, или платете, или бидете спремни на тричасовен „Fast & Furious: Јагне Едишн“.