Грција – За 13 години државата изгубила 500.000 жители. Истражувањата покажуваат негативниот прираст ќе продолжи

0
89

Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, а билансот меѓу наталитет и морталитет ќе остане негативен до 2050 година, пишува во истражувањето за демографскиот проблем во Грција спроведено од Лабораторијата за демографски и општествени анализи. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во периодот 2011 – 2024 година, популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица, а во 2023 година бројот на новородени бил 72 илјади, што е речиси половина од годишниот просек во 1951-1970 година.