Виктор Орбан фотографиран на луксузна јахта, опозицијата со остри критики

0
75
Лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, објави фотографии од Виктор Орбан на одмор во Хрватска на X и го критикуваше луксузниот животен стил на премиерот за време на „воена состојба“ додека неговите сонародници се борат со сиромаштија.
„Во воена состојба, капетанот на јахтата Виктор Орбан пристигна со воен авион и ја започна својата едриличарска авантура. Како членови на екипажот го придружуваа милијардерската принцеза Фани Камински, која ширеше пропаганда на омраза, и Балаж Орбан, руски генерал со бело знаме“, напиша Петар Маѓар, шефот на унгарската опизициска партија Тиса на социјалната мрежа.
Потоа, членот на унгарската опозиција го спомена гранатирањето на Мукачево во Украина, каде што живеат голем број Унгарци, додека Орбан крстари по „живописните јадрански острови“.
Превземено: Рацин