Пет лица загинаа oткако туристички автобус со повеќе од 50 патници се преврте на автопат во западен Њујорк, соопшти полицијата.
Автобусот, кој се враќал од Нијагарините водопади, се преврте на автопат во близина на Пембрук, околу 48 километри североисточно од Бафало и 64 километри југоисточно од Нијагарините водопади, објави „CBS News“.
Според полициското соопштение, возилото ја изгубило контролата од непознати причини и завршило во канал. Во несреќата немало други возила вклучени. Меѓу загинатите немало деца.
Превземено: Макфакс


