Народното собрание на Република Српска ја усвои одлуката за распишување референдум закажан за 25 октомври. Граѓаните ќе одговорат на прашањето: „Дали ги прифаќате одлуките на неизбраниот странец Кристијан Шмит и пресудите на неуставниот Суд на БиХ изречени против претседателот на Република Српска, како и одлуката на ЦИК за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска Милорад Додик?“. Владејачката коалиција ги повикува сите партии да не учествуваат на предвремените избори, кои Централната изборна комисија треба да ги објави на почетокот на следната недела.


