63-годишен од Ресен завршил прегазен од трактор без возач

0
101
Во Ресен се случила несреќа во двор куќа каде 63 – годишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад.
За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди. Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.
Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.
Превземено: Макфакс