Трагедија во Колибари, Кичево. 15-годишно девојче и малолетничка го загубија животот при пад од четирицикл

0
94
Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот.
На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница. Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.
Превземено: Макфакс