После обраќањето на новозеланѓанката Керол до медиумите, стигнале уште повеќе реакции за измамите кои ги вршел таксистот во Загреб во последните пет години.
Прва со приказна излегла читателка која таксистот ја олеснил уште во 2021 година кога требала да ја однесе својата болна мајка во болница, а за пат од 2 километри тој и наплатил тогашни 70 куни. Таа веднаш се побунила, на што тој одговорил со ,, доколку би сакал да наплатам повеќе, би го сторил тоа.”
Другата приказна ја раскажува госпоѓа на која и биле земени 75 евра за само 7 км одалеченост. Откако тој и ја побарал оваа ачудувачка сума, таа само му ги дала парите, несакајќи да прави сцени.
А додека пак, таксистот иван, по објавувањето на приказната, на новозеланѓанката и вратил сума од 1 350 евра, што значи дека нејзиното возење од 1 км, по вратените пари чини само 156 евра.


