Академија „ЕУРОАРТ“ врши упис на нови членови – активностите почнуваат од 1 септември
Со почетокот на новата учебна година, Академијата „ЕУРОАРТ“ повторно ги отвора своите врати за сите деца, младинци и возрасни кои сакаат да учат, да се развиваат и да го изразат својот талент на креативен начин.
Академија „ЕУРОАРТ“ постои повеќе од 10 години и веќе брои околу 200 члена. Игроорната школа на „ЕУРОАРТ“ само ова лето зеде учество на меѓународни фестивали во Турција, Бугарија и Македонија.
Академијата нуди повеќе програми: од игроорна – играње, пеење и изучување на инструменти, преку театарска секција и издавачка дејност, па сè до индивидуална едукативна поддршка по Македонски јазик и литература и помош во наставата воопшто.
Уписите за новата сезона се во тек, а официјалниот почеток на активностите е закажан за 1-ви септември.


