1700 ученички униформи О.Штип ќе обезбеди за оваа учебна година

0
88

1700 бесплатни училишни униформи за учениците од прво до петто одделение обезбедува Општина Штип за оваа учебна година. До први септември сите ученици ќе ги добијат униформите.

„За почетокот на школската година се обезбедени околу 1700 униформи (точно 1667)  за учениците од второ до петто одделение. Униформи ќе добијат и учениците кои се запишуваат во прво одделение. Доставата на ученичките униформи за околу 400 ученици-првачиња ќе биде при крајот на месец септември. Напоменуваме дека О. Штип обезбедува по еден комплет на училишни униформи составена од маичка и дуксер кој е повеќе сезонски и истите ќе бидат на товар на Општината“ потврдуваат од општината