Хрватска – Црвен метеоаларм во Далмација, страшни бури го погодија Умаг

0
81

Умаг и поширокиот регион Истра беа погодени од силна бура, придружена со обилни дождови, грмотевици и силни налети на ветер. Метеоролозите еден ден претходно издадоа црвено предупредување за можност од опасни временски услови. Граѓаните беа повикани да бидат внимателни, а локалните служби ја следеа ситуацијата на терен. Бурата пристигна со полна сила во утринските часови, но засега нема официјални извештаи за материјална штета или повредени.