Грција – Товарен брод потона кај Крит. По заземјувањето, обидите за испумпување на водата неуспешни

0
80

Товарниот брод МН КОСТАС, кој плови под знамето на Сиера Леоне, е речиси целосно потонат во близина на Киријамади, во областа Ситија, североисточен Крит, а над водата се гледа само неговиот преден дел, објави „Катимерини“. Во случајот, од 14те членови на екипажот ниеден не беше повреден и сите беа безбедно евакуирани. По заземјувањето, беше спроведена операција за испумпување на горивата и мазивата, истовар на товарот и запечатување на одделите на бродот кој бил користен за транспорт на гипс . Во спасувачките операции беа користени влекачи, пловечки кранови и друг товарен брод.