Автомобил влетал во ресторан и повредил двајца инфлуенсери- за влакно ја избегнале смртта

0
68

Нина Сантиаго  и Патрик Блеквуд за влакно ја избегнале смртта, откако во ресторанот во Хјустон- Тексас, во кои тие снимале и правеле рецензија на храна влетал автомобил.

Додека ја дегустирале храната, возило одеднаш прелетало низ прозорецот на ресторанот и удрило директно во масата на која тие  седеле.

,,Сè траеше само неколку секунди. Од никаде, автомобил удри со огромна брзина и настана хаос“, напишале тие во описот на видеото кое подоцна го објавија на својот канал.

По инцидентот и двајцата биле пренесени во болница.