Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064,00 денари, што е зголемување од 382,00 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584,00 денари, односно 12,09 отсто“ посочуваат од ССМ
Од другите категории, како што велат синдикалците, трошоците за облека и обувки се намалени за 114,00 денари, за лична хигиена има намалување од 74,00 денари и за транспортот се намалена за 16,00 денари.


