Пијано девојче (15) починало при пад со електричен тротинет во Меѓумурје. Според полицијата утрово, несреќата се случила во неделата нешто по 20 часот во Засадбрег, пренесува Даница.хр.
Малолетничката возела електричен тротинет со 1,53 промили алкохол . Се движела по левата страна од патот, кога во еден момент тротинетот се превртел и девојчето паднало на патот.
За време на возењето, таа носела заштитен шлем. Со амбулантно возило била пренесена во болницата во Чаковец, соопшти полицијата во понеделник.
Се очекува родителите да бидат повикани на разговор од социјални работници и полициските служби.
Превземено: Телеграф.рс


