Новозеланѓанка во Загреб платила такси 1506 евра за само 1,05 километри, бидејќи врнело

0
64

Кога Новозеланѓанката Керол Кован пристигна во Загреб , таа никогаш не мпомислила дека тоа ќе го означи и крајот на нејзиното осумнеделно патување низ Европа – сè поради едно возење со такси. Имено, таксистот и рекол  дека ќе чини 150, но тој ѝ наплати неверојатни 1.506 евра, за возење на растојание од само 1,05 км воздушна линија.

Откако стигнале ,таксистот  ѝ рекол дека ќе мора да внесе ПИН  во уредот, и ја зел  картичката од нејзината рака и самиот наплатил .

Таа го внела пинот , а тој потоа и ја вратил картичката. Керол вели , дека сфатила дури откако нејзиниот возач си заминал дека тој не ѝ дал сметка

– Мислам дека таксистот, откако ми го покажа екранот со износот од 150, го притисна бројот 6 и така го смени износот на 1506. Дури и 150 евра беа неверојатна цена за толку кратко возење – вели Керол