Линијата Скопје – Франкфурт на „Луфтханза“ ќе остане активна во текот на зимската сезона

0
49
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“.
Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 октомври до 28 март. Сепак, според објавата, оваа недела „Луфтханза“ ги ревидирала своите планови и закажала три неделни лета помеѓу двата града, кои ќе се реализираат во понеделник, петок и недела, во текот на февруари и март, што е намалување во споредба со десетте неделни летови во тие месеци оваа година.
– На линијата ќе лета авион Ербас А319. Според тековниот распоред на Луфтханза, авиокомпанијата планира да извршува десет неделни летови во ноември и декември, по што ќе следат седум неделни ротации во јануари. Јануарскиот распоред нема да вклучува дневна услуга, туку ќе вклучува два лета во одредени денови од неделата, се наведува во објавата.
Превземено: Курир