Кафето е навика кои многу луѓе ја практикуваат секојдневно- но, сепак дали е и здрава?
Според упатствата на Светската здравствена организација , возрасно лице смее да конзумира 400 милиграми кафе дневно без значителни здравствени ризици. Ова е еквивалентно на приближно 3 до 4 шолји стандардно црно кафе.

Постарите и послабите лица можат да бидат почувствителни на кофеинот, оние кои имаат здравствени нарушувања како што се крвниот притисок, аритмијата и анксиозноста. На бремените жени не им се препорачува да конзумираат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно, односно од 1 до 2 шолји кафе.

Можни ризици при редовно консумирање кафе се: несоница, нервоза, срцебиење, зголемен крвен притисок кај осетливи лица и можно создавање зависност од кофеин.
Покрај лошите, кофеинот има и добри страни- ја зголемува концентрацијата, може да го намали ризикот од дијабетес и депресија.


