Владата ќе воспостави Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините.
За таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка (Швајцарска амбасада) и Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе потпишат анекс 4 на Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.
Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија.


