Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испратило барање до кабинетот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за враќање на неговиот дипломатски пасош, пренесува Анадолија. Во дописот што вчера го потпишал министерот Елмедин Конаковиќ се наведува дека согласно член 9 од Правилникот за издавање дипломатски пасоши, „лице кое го изгубило својството врз основа на кое добило дипломатска патна исправа, е должно да ја врати во рок од 15 дена од престанокот на мандатот“. Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик.


