Тројца трговци со дрога уапсени во Кочани

0
57

Тројца трговци со дрога, еден од Кочани и двајца од Виница се уапсени од Кочанската полиција во два одделни случаи. Во нивните возила и дом по краток преглед полицијата откри количина канабис, прашкасти материи, ваги и гриндер. Во првиот случај, 22 годишниот Б.Д. од Кочани заврши во притвор откако во неговиот автомобил „БМВ“ и дом, полицијата пронајде марихуана, вага, гриндер и предмети кои потекнуваат од кривично дело. Потоа, во швајцарски „голф“, полицијата ги затекнала 32 годишниот Г.П. и 29 годишниот А.А. од Виница при фрлање на пакување дрога при редовна контрола. Потоа, пронајдени биле и бела прашкаста материја и гриндер. Во двата случаи, лицата завршија во притвор и против нив ќе следуваат соодветни пријави.