Студентите во блокада и толпа граѓани го блокираа влезот на Судот во Нови Сад. Реагираат поради „неосновани апсења“

0
43
Cтудентите во блокада на факултетите на Универзитетот во Нови Сад и граѓани го блокираа влезот на зградата на правосудните органи, во знак на протест против, како што наведуваат, неосновани апсења.
Тие се распоредија на сите четири влеза и не дозволуваат никој да влезе. Полицијата е присутна во објектот и зад оградата на задниот влез, додека вработените стојат во близина, но не влегуваат, пренесува Бета.
Превземено: Рацин