Од утре започнува првиот уписен рок за прв циклус на студии на УГД

0
116

Од утре започнува првиот уписен рок за прв циклус на студии на УГД Штип, а уписот трае до 22 август. Освен овој, предвидени се уште уписни рокови кои се предвидени за 4 и 5 септември, односно на 17 и 18 септември.

Студентите кои ќе се запишат на Филолошкиот факултет да го изучуваат македонскиот јазик ќе бидат ослободени од партиципација. Таа не се плаќа и за другите факултети за студенти кои имаат висок просек, но и за оние кои влегуваат во некои социјални категории.