Косово – Хаг донесе одлука, 11 лица добија забрани за посета на Хашим Тачи

0
82

Во Специјализираните совети на Косово во Хаг, судијката на претходна постапка, Марџори Маселот, донесе одлука за воведување ограничувања на посетите на поранешниот претседател Хашим Тачи, забранувајќи им на 11 конкретни лица влез во притворниот центар. Во одлуката издадена на 18 август 2025 година, се наведува дека ограничувањата се однесуваат само на непривилегирани посети и ги вклучуваат имињата на Артан Бехрами, Блерим Шала, Исмаил Сила, и други лица чии имиња се редигирани. Судијата Масело, во согласност со одлуката, пресуди дека новите ограничувања ќе бидат разгледувани на секои три месеци.