Во следните 20 години ќе треба да се трансформираат јавните, станбените и деловните објекти во енергетско ефикасни згради. Државните и општинските објекти ќе имаат обврска годишната заштеда на енергија да ја зголемат од еден на три отсто, како и секоја година да прават задолжителна реконструкција на најмалку три отсто од вкупната површина, особено оние кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски карактеристики.
„Владата ќе усвои 20-годишна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални објекти, кои ќе се трансформираат во енергетски ефикасни згради со речиси нулта потрошувачка. Јавниот сектор, енергетските компании и потрошувачите ќе бидат обврзани да ги применуваат најдобрите трошковно-ефективни мерки за оптимизација на енергетските системи“ Стои во соопштението од ресорното Министерство.


