Драма над Крф. Мотор му откажл на авион со 273 патници

0
118

Воздухопловна драма се одвивала синоќа над грчкиот остров Крф, кога на „Боинг 757-300“ на германската авиокомпанија „Кондор ервејс“ му откажал десниот мотор непосредно по полетувањето кон Дизелдорф. Во авионот имало 273 патници и осум членови на екипажот, јави „Фикенњуз“.

Откажувањето на моторот се случило на надморска височина од околу 450 метри, додека авионот сè уште бил во фаза на искачување. Со запален мотор авионот слетал на Бриндизи.