Две третини од работниците во Велика Британија конзумираат алкохол, поради стрес на работното место

0
139

Дури 64% од британските работници, секојдневно конзумирааат алкохол поради нивното работно место. Истражувањата исто така утврдуваат дека само еден од пет вработени не чуствува никаков притисок, вознемиреност или стрес на работното, додека пак 10% од нив се притискани да конзумираат алкохол од страна на вработените или нивниот шеф.

Се проценува дека отсуството од работа, поради конзумација на алкохол на работното место ја чини Велика Британија дури 4 милијарди фунти, односно 4,6 милијарди евра годишно.