Дали знаевте дека листот од смоква има нежна арома на кокос? Летен хит за подготовка на највкусни сирупи, сокови и десерти

0
110

За да се случи магијата, познавачите често ги потпекуваат листовите во рерна или на тава, а потоа ги варат со шеќер или во млеко – слично како што се прави со чајни листови.

Слаткарите, миксолозите, готвачите – но и бабите, дедовците и љубителите на традиционални рецепти – добро ги знаат тајните на листот од смоква, кој е јадлив и прилично вкусен. Тоа не значи дека можете да го јадете директно од дрвото. Пред употреба, потребна е термичка обработка.

Откако ќе го направите тоа, ќе се ослободат прекрасни нежни ароми на кокос, печени бадеми и ванила. За да се случи магијата, листовите се потпекуваат во рерна или на тава, а потоа се варат со шеќер или млеко – како чај.

Од листот од смоква можете да направите домашен сируп, чај и сок, на кои можете да додадете лимон за повеќе свежина, или пак да го искористите ароматичното листо за подготовка на десерти. За панакота, пудинзи, сладолед или кремасти десерти, млекото или павлаката се варат со листот од смоква за да добијат посебна арома. Инфузиран алкохол како вотка, џин или рум ќе послужи за коктели.

Со разновидните листови може да се обвитка храна за печење на скара или во рерна, бидејќи ја задржуваат сочноста и додаваат арома, а можат да се користат и како подлога за готвење ориз, зеленчук и други намирници на пареа.

Сирупот од листови од смоква е одличен засладувач за утринско кафе или чај. Може да се прелие преку бисквити без глазура за малку сладост, да се додаде во јогурт и гранола за дополнителна слаткост или да се користи наместо основен сируп во коктели за да им се додаде посебен, богат вкус.

Сируп од листови од смоква – состојки:
– 6 листови од смоква
– 480 мл вода
– 240 мл мед
– 200 г шеќер

Сируп од листови од смоква – подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 °C. Распоредете ги листовите од смоква на плех во еден слој така што да не се допираат. Ставете го плехот во рерна и печете додека листовите не се исушат, лесно не се свиткаат и останат зелени, околу 3–5 минути (во зависност од јачината на рерната и дали користите вентилатор). Извадете ги од рерна и оставете ги на страна.

Во средно голем сад, зовријте вода, мед и шеќер на средно силен оган. Намалете ја температурата и варете 5 минути, мешајќи додека шеќерот целосно не се растопи. Тргнете од оган, додадете ги потпечените листови од смоква и промешајте.
Оставете смесата да се инфузира додека не се олади на собна температура (околу 90 минути). Процедете, фрлете ги листовите, а сирупот со арома од лист од смоква прелејте го во херметички затворен сад (на пр. тегла).
Чувајте го во фрижидер и искористете го во рок од 3 недели.