На социјалната мрежа, во групата „Grčka info“, се појавило морничаво предупредување – туристи уловиле група странски државјани како фотографираат мали деца на плажа, а според тврдењата на очевидци, снимките наводно биле наменети за понатамошна препродажба.
„Денеска беа фатени како фотографираат мали деца на плажа за понатамошна продажба и настана хаос кога родителите го забележаа тоа. Ве молам, предупредете ги сите да внимаваат и да пријават ако видат нешто слично“, напишала една Србинка која во тој момент била на одмор таму.
Инцидентот предизвикал паника меѓу родителите, а бројни членови на групата коментирале дека безбедноста на северот од Грција е сериозно нарушена, бидејќи тие места се „погодни за крадци и манијаци од околните земји кои лесно ја преминуваат границата“.
По бројните реакции, во истата група се огласила и Србинката Даница, која упатила конкретни совети до родителите и потсетила дека во Грција, како и во цела Европска Унија, децата се посебно заштитени со закон и со GDPR регулативата.
„Фотографирањето малолетници без дозвола од родител или старател претставува нарушување на приватноста. Ако фотографиите се користат, споделуваат или се продаваат, тоа се третира како сериозно кривично дело, експлоатација на деца, и строго се казнува со парична и затворска казна“, предупреди таа.
Превземено: Плусинфо


