Вучиќ го потготвува Милорад Додик за иден претседател, изјави Борко Стефановиќ

0
78

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ планира да се врати во улога на премиер, додека го подготвува доскорешниот лидер на Република Српска Милорад Додик да биде иден претседател затоа што има српско државјанство, тврди српскиот опозиционер Борко Стефановиќ, од партијата ССП на Драган Ѓилас. Стефановиќ ги изнесе наводите во гостување на телевизијата „Нова С“. Според него, Вучиќ се спрема за ваквото сценарио бидејќи му истекува вториот претседателски мандат, пренесува Рапорт.ба. Срспкиот претседател неодамна изјави дека не планира да го менува уставот на Србија за повторно да се кандидира за функцијата.