Вака се живеело во времето на големата сиромаштија: Луѓето плаќале за да спијат на јаже

0
160

Едно од првите засолништа за бездомници во Лондон нудело можност за спиење по цена од еден пени. Но, за тие пари луѓето не добивале кревет, туку само можност да седат на неудобна клупа…

Англија во викторијанската ера била земја на контрасти. Од една страна цветал луксузот, а од друга владеела сиромаштија. Последиците од индустриската револуција, како и болестите и епидемиите што тогаш се ширеле, не поштедиле никого. Не е случајно што токму тогаш било објавено Дарвиновото „Потекло на видовите“, кое дополнително ја зацврстило идејата за преживување на најспособните во колективната свест. Но она што на некои им носело благосостојба, на други им гарантирало беда.