47-годишен штипјанец ја нападнал сопругата. Полицијата го лиши од слобода

0
42
Вчера во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ј.(47) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 39- годишна сопруга.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 130 став 2 од Кривичниот законик.