Текстилната компанија Елит Фешн од Штип денес писмено ги извести вработените дека престанува со работа. Загрижени за својата егзистенција, тие утринава во фабричкиот круг каде во писмена форма го добија соопштението во кое работодавачите ги објаснуваат причините поради кои работниот процес прекинува. Во известувањето стои:
„1. Договорите за вработување склучени на определно време до 31. Август 2025 година нема да бидат продолжени и престануваат да важат заклучно со 31 Август 2025 година
- Неискористениот дел од годишниот одмор по Решените за користење на годишниот одмор за 2025 година ќе ви биде овозможено да го искористите од 18 до 31 Август 2025 година.
- Работниците кои немаат остаток на годишен одмор за 2025 година не бидат упатени на платен вонреден одмор до крајот на 31. Август 2025 година со право на паричен надоместок согласно Законот за работните односи“, стои во известувањето.
Елит Фешн последната производствена етапа ја заврши со околу 60 вработени а сега според сугестиите на менаџментот и упатената правна поука тие периодот од денес па до 31ви август треба да го искористат за барање на нова работа.


