По антивладините протести во Србија, претседателот Александар Вучиќ најави остра пресметка со демонстрантите, нарекувајќи ги „терористи“, пишува јавниот германски сервис ZDF и ги пренесува зборовите на Вучиќ од конференцијата во недела: „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го вратиме законот, мирот и редот“. Насилни судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите се случуваат во Белград и други градови веќе шест дена по ред, објавува списанието Штерн, додавајќи дека „Србија со месеци доживува редовни, насилни протести против владата и корупцијата што е широко распространета во земјата“.


