Осум лица се тепале поради нерасчистени семејни односи во Скопје. Еден завршил со фрактура на череп, друг со скршена вилица

0
48
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица поради учество во масовна тепачка што на 16 август се случила на улицата „Славеј Планина“ во Скопје.
Во инцидентот, кој се случил поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште неколку биле полесно повредени.
Едно лице е осомничено за обид за убиство, откако со дрвена даска тешко повредил едно лице од спротивставената група. Повредениот се здобил со фрактура на черепот и крварење на мозокот. Иако станува збор за млад човек кој неодамна наполнил 18 години, обвинителството предложи мерка куќен притвор поради ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.
Друг осомничен е обвинет за нанесување тешка телесна повреда, откако со тупаници му ја скршил долната вилица на еден од учесниците во тепачката.
Останатите шест лица се осомничени за кривично дело учество во тепачка. За нив се предложени мерки на претпазливост.