Наместо утринско кафе: 5 навики кои ќе ви дадат енергија наутро како кафето

0
45

Еве како да имате повеќе енергија наутро.

Кафето на некои им предизвикува проблеми со желудникот, некои се обидуваат да го избегнат бидејќи не се смета за најздравиот пијалок, а без разлика кој е вашиот причинител, овие се алтернативи кои ќе ви дадат енергија наутро.
Како да добиете енергија наутро без да пиете кафе? Звучи невозможно, но постојат неколку работи кои можете да ги практикувате наутро и кои ќе ве разбудат слично како кафето. За многумина, кофеинот е задолжителен дел од утринската рутина, особено во денови кога треба да се стане порано од вообичаено. Како што одвојувате време за да направите и испиете кафе, така можете да одвоите време и за овие активности. Не се кафе, но имаат сличен ефект и ќе ве разбудат. Овие активности дури можат да ви дадат повеќе енергија од кафето, а нивниот ефект може да трае подолго.


1. Пуштете природна светлина веднаш штом се разбудите
Првото нешто што треба да го направите наутро е да ги кренете ролетните и да пуштите природна светлина во просторијата. Таа ќе му помогне на мозокот да се разбуди и ќе ви го подобри расположението.

2. Медитација и вежби за дишење
Иако може да изгледа дека медитацијата ќе ве успие уште повеќе, всушност може да ви даде дополнителна енергија. Не ви треба многу време – доволни се 10–15 минути. Медитацијата помага за подобра концентрација.

3. Раздвижете се
Не мора веднаш да одите во теретана или да трчате, но кратко истегнување, лесен пилатес или прошетка низ маалото е сосема доволно. Овие активности ја поттикнуваат циркулацијата и го зголемуваат нивото на допамин. Ќе добиете енергија и ќе се чувствувате одлично!

4. Запејте си
Неколку минути пеење или пеење со омилената песна може да ви помогне да се разбудите и да се расположите.

5. Студена вода
За да добиете енергија, измијте се со студена вода – или направете кратко туширање со што е можно постудена вода.