Во последните 24 часа, грчката крајбрежна патрола со полни раце работа каде во три одделни случаи, спасени беа 165 мигранти. Во првиот случај, чамецот бил откриен од патролен брод на крајбрежната служба и брод на Фронтекс, додека во вториот, мигрантите биле преземени од танкер. Рано утрово во морскиот дел јужно од малиот остров Гавдос биле откриени два чамци со 68 и 58 мигранти, кои биле спасени и безбедно пренесени на копно. Вчера попладне во морскиот дел на 58 наутички милји јужно од Каламата на Пелопонез биле спасени 39 мигранти со помош на патролен брод на крајбрежната служба и биле пренесени на пристаништето во градот.


