Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот на Европската Унија, соопшти Институтот за патна безбедност, пренесува Бугарското национално радио (БНР). Директорот Богдан Милчев оцени дека е неопходна итна корекција на пропустите во работата на институциите, бидејќи „постои чувство за системска неодговорност“.Податоците за јули и првите денови од август 2025 покажуваат дека бројот на загинати не е намален во однос на лани – напротив, во август бројките се повисоки. Според Институтот, одговорноста е на повеќе нивоа – од сообраќајниот надзор и контролата на брзината, до одржувањето на патната инфраструктура и координацијата меѓу институциите.


