Албанскиот премиер Еди Рама вети дека Владата ќе ги обнови опожарените и изгорени куќи а сите земјоделците кои го загубиле добиток во пожарите исто така ќе бидат обесштетени. „Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, вети Рама во директна комуникација на Фејсбук.
Проценката и надоместокот на штетите предизвикани од пожарите ќе се спроведуваат во секоја засегната општина, според посебна постапка, која започнува со нивна идентификација од страна на тимовите за попис и проценка на штетите формирани од општините.


